top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сара Џесика Партер преплавена со емоции на последната прошетка како Кери Бредшо

Новата сезона на култната серија „Сексот и градот“, „И, едноставно, така оди тоа“, се снимаше во студио и на улиците на Њујорк од јуни. По поминати речиси пет месеци, Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), нејзините пријателки Синтија Никсон (Миранда), Кристин Дејвис (Шарлот) и љубовникот Крис Нот (мистер Биг) штотуку го завршија снимањето на претстојната сезона од 10 епизоди. Имајќи ги предвид шесте сезони (1998-2004), двата последователни филма (2008 и 2010 година), а сега и новата сезона на „Ејч-би-о“, со оригинален наслов And Just Like That, не е ни чудо што Паркер реши да ги документира своите последни моменти од серијата пред камера. Во понеделникот таа сподели емотивно видео на својот инстагарм-профил. Таа ја глуми Кери Бредшо од првата сезона на серијата во 1997 година, а сега откри дека е преплавена со емоции на последниот ден на снимањето на својот сакан лик. „Само што завршив една авантура и се чувствувам многу сентиментално“, вели таа со тажен тон на гласот пред да се обиде да ги најде вистинските зборови за да ги пренесе своите чувства. По неколку секунди пауза, таа, конечно, додава: „И тоа е тоа“.




2 views

Comments


bottom of page