Search
Санчо во живо го истрола себичниот Бруно по освоениот трофеј на „Вембли“
Манчестер Јунајтед го победи Њукасл со 2:0 во финалето на „Вембли“ и го грабна трофејот во Карабао Купот, но реалноста е дека овој триумф можеше да биде изразен и со повеќе голови во мрежата на Кариус.
По двата гола во првиот дел, Јунајтед беше тимот кој создаде зрели шанси за гол и во второто полувреме, но особено колосална беше онаа на Бруно Фернандеш.
При резултат 2:0, Португалецот беше прилично себичен и реши сам да ја завршува акцијата во која двајца колеги останаа празни лево од него, а еден од нив беше Џејдон Санчо.
Касемиро му забележа за ова на Бруно веднаш по крајот на натпреварот на „Вембли“, а играчот за врска беше истролан и од Санчо за време на прославата.
– Еј, следниот пат да подадеш…
Comments