top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сандра Булок елегантна на премиерата на „Непростливо“

01.12.2021 Dekemvri Sreda

Сандра Булок ги предводеше ѕвездите на црвениот тепих на премиерата на драмата „Непростливо“ (The Unforgivable) во Њујорк во вторникот вечерта. Актерката на себе има шик комбинезон на славната модна дизајнерка Стела Мекартни, со светки и блејзер. На 57-годишната оскаровка ѝ се придружија неколку актери од драмата на „Нетфликс“, меѓу кои и Џон Бернтал и Ајслинг Франциози. Премиерата на филмот беше одложена за речиси една недела откако се појави во кината на 24 ноември поради низа главно негативни критики. Филмот се фокусира на поранешна затвореничка која се обидува да си го обнови животот по излегувањето од затвор.




2 views

Comments


bottom of page