top of page

Сан Антонио донесе одлука: Вембањама нема повеќе да игра во летната лига

Првиот пик на овогодишениот НБА драфт, Виктор Вембањама нема повеќе да игра во Летната лига.

Француското чудо од дете имаше можност да почувствува како е да се игра во ова натпреварување, да собере одредено искуство низ два натпревари по што Сан Антонио Спарс одлучи да го „замрзне“, да му даде одмор по напорната сезона и да може да се врати свеж за вистинските возбудувања во НБА лигата.

Виктор одигра два сосема различни натпревари, првиот против Шарлот Хорнетс беше лош и доби критики за истиот за да во вториот против Портланд Трејл Блејзерс блесне и потврди зошто толку многу се очекува од него.

Познато е дека центарот нема да игра за Франција на СП што значи дека фокусот ќе му биде Сан Антонио.


 
 
 

Comments


bottom of page