Самостојна изложба од уметницата Верче Николоска во Прилеп
Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва (18 ноември) од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба од уметницата Верче Николоска, член на ДЛУП. Николоска во наредните две недели ќе се претстави со 23 слики.
Мотивирана од убавото, уметницата го отсликува светот на нејзината душа, светот на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Нејзините дела се изработени во експресна апстракција.
Верче Николоска е родена 1956г. во Прилеп. Завршила средно образование во Прилеп, а со уемтност се занимава од млади години. Љубовта кон ликовната уметност е голема и продолжува да го развива талентот. Мотивирана од убавото, од љубовта кон уметноста Верче се надоградува и својата креативност во ликовната уемтност ја изразува во повеќе техники – масло на палтно, акварел, графика, цртеж. Смислата на својата уметност Верче ја бара во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.
Од 2004 година досега реализирала самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Неготино, Кичево, Македонски брод. Учествувала на групни изложби на ДЛУП, на ликовни колонии во Пешна, Валандово, Пробиштип, Дрен, Неготино, во Црна Гора. Неодамна беше дел од проектот „Инклузивни музеи“ на Завод и музеј Прилеп, учествувала во манифестации од хуманитарен карактер.
Comments