Самостојна изложба на фотографии на Маја Кировска
Во галеријата на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, вечерва ќе се одржи самостојна изложба на Маја Кировска насловена „Shelf Jungle“.
„Shelf Jungle“ е најновата изложба на Маја Кировска каде преку серија фотографии организирани во форма на блог на социјалните мрежи ја испитува моќта на комуникација преку социјалните медиуми, некои од новите стандарди во секојдневното живеење кои ги воспостави пандемијата, а посебно новите стандарди на изложување и проследување на уметноста во однос на релацијата галериски простор – виртуелен простор.
Ова дело се занимава со неколку феномени кои станаа популарни со растот на социјалните медиуми во последните години. Во поглед на наративот, делото го следи процесот на создавање на домашна градина на еден нов ентузијаст и љубител на билки. Сите случки се документирани со фотографии и видеа, а како што наложува самиот медиум се придружени со текстуален опис и хаштази.
Comments