top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Самостојна изложба на Пандора Апостолоска- Саздовска и Сашо Саздовски во галеријата Грал

15.07.2024 Juli Ponedelnik

Визуелната уметница Пандора Апостолоска- Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски од 16 до 26 јули ќе имаат самостојна изложба во галеријата „Грал“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот. Апостолоска- Саздовска ќе се претстави со проектот „Аltum silentium“, кој има цел да ги презентира актуелните и визуелни истражувања на авторката во сликарството, паралелно со цртежот. 

Во своите дела, таа ги истражува правата на имигрантите и го дефинира видот уметност што се создава за да постои во одреден политички момент, со што врши потенцијално политичко и општествено влијание врз самото уметничко дело. Таа има развиено уникатно тело на уметност што се занимава со реалноста и сегашноста, а не со традиционалните начини на претставување.

Овој пристап им овозможува на гледачите да искусат жива меморија на општествениот активизам, каде што уметникот ги замаглува границите помеѓу уметноста и животот. Целиот проект содржи длабок постконцептуален пристап, со цел да се „разјасни“ дека уметноста понекогаш не мора да има значење сама по себе, туку да дејствува како столб на тековниот експеримент и како дијалог во една поголема уметничка парадигма. Скулпторот Сашо Саздовски, пак, ќе го претстави проектот со наслов „Синергија“. Проектот “Синергија” има цел да ги презентира актуелните визуелни истражувања на авторот во скулптурата. Тој е дел од истражувачката серија скулптури во кои се обидува да ги спои природните материјали како мермерот и гранитот со вештачки добиените материјали создадени од човекот. 

Во овој проект, авторот инсистира на минималистичка, а, сепак, монументално конципирана форма и истражување на соодносите светло – темно, природно – вештачко, движење – спокојство. Неговите експерименти со различни медиуми се видливи и без оглед на својата димензија, тие имаат монументалност.

Делата на скулпторот Сашо Саздовски имаат цел да го презентираат научноистражувачкиот процес во кој тој, спојувајќи ги различните материјали, се обидува да ја открие суштината на единство на спротивностите. 


4 views

Comments


bottom of page