top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Самостојна изложба на Глигор Кондовски во „Центар Јадро“

На 2 ноември, во 20 часот, во КСП „Центар Јадро“, ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на Глигор Кондовски со наслов „Импровизации“. На отворањето на изложбата настапува џез-триото: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов. „Во овој фотографски момент Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, а слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овој современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна, а што надворешна слобода?“, рече м-р Билјана Билбилоска, ликовен уметник. М-р Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално-инструментален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски уметности при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ-режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, филмско и ТВ-сценарио. Моментно е вработен како наставник по виолина во ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“ во Тетово. Во 2008 година негова композиција Green dance е во компилациско ЦД со наслов Imamo dobro glasbo, издадено преку Радио Вал 202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм „Рестарт“ на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на студентскиот филмски фестивал New wave Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот „Попладневни малини“ учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивалот во Сараево, Босна и Херцеговина и на Inshort fest во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии со наслов „Обични профили“ ја прави во Смедеревска Паланка, Р. Србија, во 2018 година, како и со дел фотографии учествува на: изложба на фотографии во Музејот на современата уметност и „ЕУ инф-центарор“ во склоп на проектот Денови на разноликоста, 2017. Самостојна изложба со наслов на фотографиите: „Тетовски џез-моменти“, 2019, со поддршка на Министерството за култура. Самостојна изложба на фотографии со наслов: „На сцена“, 2020, со поддршка на Министерството за култура. Самостојна изложба на фотографии со наслов: „Сфера“, со поддршка на Министерството за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: Here, под македонската етикета „Шарла“, после тоа за истата етикета ги издава албумите: „Беседа“ за соло виолина импровизација и Hover, 2021 година. По тоа, за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: Nightscape, во 2021 заедно со џез-тромбонистот Владан Дробицки и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: „Разгледи“ заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – тромбон. Со композицијата Once upon a train учествува на една компилација наречена „Клавирско небо“ во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: Encounter за издавачката куќа ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: „Крај Вардарот сесии“ во „Аудиокултура“. Настап на Џез-фестивалот: „Крај Вардарот џез“, 2023, и настап на Скопско лето, 2023 година.


1 view

Comentarios


bottom of page