top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Самостојна изложба на Валмир Азири во КИЦ

Updated: Jun 9, 2021

08.06.2021 Juni Vtornik

Во Културно Информативниот Центар – Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални принтови од ликовниот уметник Валмир Азири. Изложбата насловена „Сенките на душата” ќе биде претставена во изложбените салони Империјал 1 и 2. На изложбата ќе бидат прикажани вкупно 30 дела со дигитален принт од ликовниот уметник Азири.

Валмир Азири e роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, отсек графички дизајн, во класот на професорот Сафет Спахиу. Долго време е член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби, а учествувал и на групни изложби. Во 2009 година е именуван за директор на Уметничката Галерија во Тетово, во 2011 година е назначен за директор на Театарот во Тетово, а од 2017 година е државен секретар во Министерството за култура.

Самостојни изложби на авторот се изложба нa фотографии во 2008 година со наслов „Рефлексија”, а втората изложба ја реализираше во 2016 година со дигитални графики насловена „Во почетокот беше зборот“.


2 views

Comments


bottom of page