top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Самостојна изложба „Виножито на радоста“ на Дарко Аницин

31.08.2021 Avgust Vtornik

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје на 1 септември, со почеток во 18:30 часот, се отвора самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин насловена „Виножито на радоста“.

Преку јавен повик објавен на социјални мрежи Дарко Аницин се впушта во еден вид едновремено истражување, остварувајќи интерактивен креативен контакт со што ја иницира и мотивира публиката да се вклучи во истражувањето и да проговори преку бојата и пигментот, да ги пренесе преку бојата своите чувства, пориви, копнежи, своите желби, мечтаења и стремежи…

Целта на уметникот Дарко Аницин е еден вид истражување преку бојата како медијатор, за осознавање на психолошките состојби на дел од учесниците вклучени во истражувањето. Тој успева да искомуницира преку бојата со „испитаниците“. Аницин со посветеност и обид за остварување на комуникацијата со публиката непосредно преку бојата успеа да го иницира предизвикот за осознавање на макар дел од сиот регистар на најразнородни или слични емотивни и психолошки состојби со што уште еднаш се акцентира и улогата на уметникот како арбитер низ историјата, но и улогата на ангажираната уметност особено во услови на едно специфично време преоптоварено од неизвесноста и соочувањата со непознатото…

Во овој дел од истражувањата на бојата како феномен Дарко Аницин се посветува на импактот од интерактивноста која ја живееме во сите сегменти на ова сè потехнологизирано и роботизирано време во кое сме заложници едновремено во повеќе сегменти на една катадневна борба за опстојување и запазување на хуманите вредности. Човековото битие е соочено, не само со сеподраматични искушенија, туку е заложник на една глобална и сè похибридна војна во сите сфери на ова цивилизациско опстојување…


1 view

Commentaires


bottom of page