Саманта Џонс ќе се појави во втората сезона на „И едноставно така“
Малкумина ја очекуваа оваа вест, но неодамна беше откриено дека Саманта Џонс, еден од најомилените женски ликови во историјата на телевизијата, ќе се појави во втората сезона на серијата „И едноставно така“, продолжението на „Сексот и градот“.
Во интервју за магазинот „Вераети“, Мајкл Патрик-Кинг (еден од главните автори на серијата) ја потврди оваа гласина, а на прашањето дали Кери и Саманта ќе продолжат да разменуваат пораки во втората сезона од серијата, тој едноставно одговори: Да. Она што ги интересира сите стари и млади обожаватели на „Сексот и градот“ е дали тоа значи дека Ким Катрал повторно ќе ја видиме во улогата на Саманта?
Потсетуваме, 65-годишната актерка не покажа ентузијазам да се појави уште еднаш во улогата што ја прослави, поради што не ја гледавме во првата сезона од серијата „И едноставно така“. Освен тоа, општо е познато дека таа и Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери Бредшо, главната хероина на двете серии, не се поднесуваат.
Мајкл Патрик-Кинг напомена и дека не е реално Ким Катрал повторно да ја глуми Саманта. Прашањето е како да ја протолкуваме неговата последна изјава?
Дали големото враќање на Саманта Џонс значи дека ќе ја глуми нова актерка или само ќе можеме да ги гледаме нејзините пораки? Одговорот на ова прашање очигледно ќе го добиеме дури кога ќе излезе втората сезона, очигледно на почетокот на 2023 година.
Comments