top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сам дома“ е најдобар божиќен филм на сите времиња

17.12.2021 Dekemvri Petok

Филмот „Сам дома“ е прогласен за најдобар божиќен филм на сите времиња, во изборот кој го објави порталот „МјузикМагПај“

Рангирањето се засновало на 25 категории, како што се пребарувањето на „Гугл“, заработката од кино проекции, рејтингот на „Ротен Томатос“ и сл., како и категории кои вклучуваат сцени со божиќни подароци, божиќни комбинации, снег, Дедо Мраз, божиќен шопинг…

Филмот „Сам дома“ во кината се појави во ноември 1990 година. Преку „Гугл“ бил пребаруван преку пет милиони пати, на „Твитер“ бил спомнат над милион пати и заработил повеќе од 400 милиони долари.

Заплетот на филмот е добро познат. Осумгодишниот Кевин Мекалистер останува сам дома откако неговото семејство замина на патување. Откако ќе ја напуштат куќата, влегуваат двајца крадци, на кои Кевин им подготвува многу стапици со кои ги спречува во намерата за кражба.

На второ место е филмот „Елф“ од 2003 година, со Вил Ферел во главната улога. Филмот е пребаруван на „Гугл“ речиси четири милиони пати, за него на „Твитер“ е пишувано повеќе од 50.000 пати, а во кината има заработено над 300 милиони долари.

Остатокот од листата ги вклучува следните филмови: „Всушност љубов“ (Love Actually), „Како Гринч го украде Божиќ“ (How the Grinch Stole Christmas), „Дедо Мраз“ (The Santa Clause), „Кошмарот пред Божиќ“ (The Nightmare Before Christmas), „Артур Божиќ“ (Arthur Christmas), „Гремлини“ (Gremlins), „Поларен експрес“ (The Polar Express), „Божиќниот одмор на националниот Лампион“ (National Lampoon’s Christmas Vacation), „Умри машки„ (Die Hard), „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ (Home Alone 2: Lost in New Jork), „Скруг“ (Scrooged), „Ѕвончиња по патот“ (Jingle All the Way), „Божиќната песна на Мапет“ (The Muppet Christmas Carol), „Ова е прекрасен живот“ (It’s a Wonderful Life), „Чудо на улица 34“ (Miracle on 34th Street), „Бел Божиќ“ (White Christmas), „Лошиот Дедо Мраз“ (Bad Santa) и „Празник“ (The Holiday).



2 views

コメント


bottom of page