Салма Хајек морале да ја одвлечкаат до олтар
Мексиканската актерка Салма Хајек открива дека порано имала фобија од брак и поради тоа, роднините морале да ургираат и „да ја одвлечкаат на венчавка“.
Ѕвездата на „Магичниот Мајк: Последен танц“ (56) е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино (60) од 2009 година. Таа одбила два негови предлога за брак пред конечно да се согласи.
Венчавката ја доживува како интервенција од нејзиното семејство.
Таа за новото издание на магазинот „Гламур“ раскажува за тоа како немала поим дека ќе се мажи на Денот на вљубените додека не се вклучиле нејзините роднини.
„Тие ме одведоа во судската палата. Моите родители, брат ми, сите се здружија“, открива актерката.
„Имав фобија од брак. Бев нервозна… Реков ‘да’ за венчавка, но всушност немаше да се појавам тој ден или да го направам тоа“.
Таа додаде дека ѝ олеснило кога открила дека нејзиниот однос со Франсоа не се променил по венчавката.
Двојката беше во врска три години кога се венчаа и веќе беа родители на ќерката Валентина (15).
Салма и претходно говореше за својата фобија од брак.
„Се срамам да признам колку пати мораше да ме праша. Три пати! Тоа беше најголем страв што некогаш сум го надминала“.
„Тој е неверојатен маж, самоуверен и феминист, кој сака силни жени, а исто така знае како да се грижи за нив“.
Comments