Салах сака да го преигра финалето против Реал: Не можам да опишам со зборови….. (Фото)
Мохамед Салах беше најгласен во најавите за финалето во Париз и порачуваше дека е време за одмазда против Реал Мадрид на еден завршен меч во Европа, но по конечниот епилог на Стад де Франс, му беа потребни неколку дена за да се прибере.
Египќанецот успешно ги избегне новинарите и медиумите по поразот од Реал, па сега пет дена подоцна конечно го прекина молкот и се јави со објава на социјалните мрежи.
Салах со задоцнување направи осврт за новиот пораз од Реал во едно финале, нагласувајќи дека би ги понудил сите индивидуални награди кои ги доби оваа сезона за да одигра нов меч против „кралевите“.
– Не можам да опишам со зборови колку сакав да го вратам тој трофеј назад во Ливерпул, но на крајот не можевме. Не можам доволно да им се заблагодарам на фановите за поддршката. Ова беше многу долга сезона, но дел од мене сака новата да почне уште утре, – изјави Салах кој беше избран за најдобар играч во Англија од фановите и новинарите.
– Да се биде препознаен од навивачите и од спортските новинари во иста сезона е нешто посебно што никогаш нема да го заборавам. Сепак, би ги дал сите тие лични награди за шанса да се преигра тоа финале, но фудбалот не функционира така, – порача Салах.
Comments