Саки со порака до Интер: Заборавете на тројката Лукаку-Дибала-Лаутаро
Екипата на Интер се обидува да создаде подобар тим од минатата сезона, а една од можностите е да видиме нова тројка во нападот која би ја сочинувале Лаутаро Мартинез, Пауло Дибала и Ромелу Лукаку.
Дибала веќе води разговори со калчолигашот и како слободен агент би можел да пристигне во Милано, додека Лукаку не се снајде во Челси и одново сака да заигра за „нероаѕурите“. Ако успешно се затворат овие зделки Интер би имал аргентинско-белгиска комбинација која според имињата изгледа супер моќно, но според легендарниот Ариго Саки тоа не би функционирала најдобро на теренот или пред се во полза на тимот.
-Во модерниот фудбал ви требаат 11 играчи кои се секогаш активни – во напад и во одбрана. Треба постојано да се движите, да учествувате во акцијата, да работите заедно. Само вака можете да размислите за брзо освојување на топката кога ја има противникот.
-Ако му дадете тројца играчи на непријателот тоа значи дека има само осум во одбраната наместо единаесет: но како? Тимска работа на синхронизирани движења. Духот на пожртвуваност и физичките карактеристики на играчот се фундаментални. Не верувам, иако би можел да грешам дека Лукаку, Лаутаро и Дибала ги имаат овие квалитети, -порача Саки за „Газета Дело Спорт“.
Kommentare