Саем на книга од денеска – 33 промоции на нови дела и автори
Од денеска до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски). При влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид-19 за сите лица над 18 години.
Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн системот или на билетарниците пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години, билетот чини 20 денари.
Работното време на Саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10 од 21 часот, на 12 и 13 септември од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот.
Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.
На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70 отсто.
Саемот на книга е организиран во соработка со македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура.
Comentários