top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

САД опен и без сестрите Вилијамс

27.08.2021 Avgust Petok

ТЕНИС

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката Серена Вилијамс објави дека поради повреда е принудена да го пропушти претстојниот гранслем-турнир САД опен, кој почнува в понеделник, во Њујорк. Поради повреда, своето учество на последниот гранслем-турнир сезонава го откажа и нејзината сестра Венус Вилијамс, а меѓу познатите тениски имиња што нема да играат во Њујорк годинава се и бранителот на титулата во машка конкуренција Доминик Тим, потоа Роже Федерер, Рафаел Надал, Станислас Вавринка… Серена Вилијамс, шесткратна шампионка на САД опен (1999, 2002, 2008, 2012, 2013, 2014) се повреди во 1. коло на гранслем-турнирот Вимблдон. Во својата богата кариера таа освои 23 гранслем-трофеи.


1 view

Comments


bottom of page