САД опен заврши за 22 носители, тинејџерот Свајда направи изненадување
03.09.2021 Septemvri Petok
ТЕНИС
По четири натпреварувачки дена на Отвореното тениско првенство во Њујорк, годинашниот гранслем-турнир САД опен заврши за 15 носители и седум носителки. Кај мажите на турнирот во Њујорк загубија Каспер Руд (осми носител), Пабло Карењо Буста (деветти), Алекс де Минаур (14-ти), Григор Димитров (15-ти), Кристијан Гарин (16-ти), Џон Изнер (19-ти), Лоренцо Сонего (20-ти), Уго Хумберт (23-ти), Дејвид Гофин (27.), Фабио Фоњини (28.)…, а кај жените покрај повредените Џенифер Бради (13-та) и Јелена Остапенко (27-та), елиминирани се Коко Гауф (21. носителка), Каролина Мухова (22.), Вероника Кудметова (29-та)…
Младиот, 18-годишниот Американец Захариј Свајда (716-ти на АТП) го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на натпреварувањето, елиминирајќи го 28-годишниот Италијанец Марко Чекинато (91. на АТП). Свајда како дебитант на САД опен дојде по покана на организаторот.
Comments