top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Савовски: Со поддршка од публиката сѐ ќе биде полесно

ОДБОЈКА

Неколку дена се одвиваат подготовките на нашата репрезентација, мислам дека условите ни се извонредни, имаме сѐ што ни е потребно за врвни подготовки. Се разбира дека воведните тренинзи се повеќе на основната одбојкарска техника затоа што имавме одреден период пауза и се разбира дека акцентот е на физичката подготовка. Задоволни сме затоа што досега сѐ се одвива нормално, немаме никакви здравствени проблеми и тоа е она што ни дава надеж дека ќе биде сѐ добро. Од ден на ден ќе се зголемува интензитетот и веќе во следниот микроциклус ќе работиме повеќе на тактичкиот дел и на подготовката за противниците, за што и обезбедивме доволен број пријателски натпревари што ќе ги играме од почетокот на август, изјави Јошко Миленкоски, селекторот на македонската одбојкарска репрезентација. Црвено-жолтите се подготвуваат за настап на Европското првенство (ЕП), на кое Македонија е еден од кодомаќините. Групата Ц ќе се игра во Скопје, а македонските репрезентативци ќе се сретнат со Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и со Чешка, во обид првпат да се пласираат во осминафиналето, каде што ќе настапат првопласираните четири репрезентации од секоја од четирите групи. Другите групи ќе се играат во Италија (група А), Бугарија (група Б) и во Израел (група Д). – По пауза од речиси еден месец, ова се воведни тренинзи, течат во најдобар ред, мислам дека е сѐ добро. Од следната недела ќе ги имаме и првите пријателски мечеви. Ја поканувам публиката во што поголем број да дојде на Европското првенство и да нѐ поддржи и, секако, со нивна поддршка сѐ ќе биде полесно и ќе ја постигнеме посакуваната цел – изјави репрезентативецот Филип Савовски. Македонија го закажа првиот тест-натпревар за 4 август, со Романија, во Скопје, а ќе игра уште и со репрезентациите на Израел, Јапонија, Грција и на Египет. Првиот меч на ЕП 2023 е предвиден за 30 август, со Данска. Влезниците се продаваат преку интернет-страницата на ЦЕВ. Н.М.


1 view

Comments


bottom of page