top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Савевски повика 19 ракометарки за мечевите со Србија

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

НЕДЕЛА НА ЕХФ

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го соопшти списокот со 19 ракометарки (и девет резерви), за претстојниот собир во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), од 22 до 30 ноември. Македонија треба да одигра две пријателски средби со селекцијата на Србија, во Стара Пазова, на 27 и на 29 ноември. Собирот на македонската репрезентација е закажан на 22 ноември во Скопје. По подолго време во репрезентација се враќаат Марија Штериова, Андреа Седлоска и Јована Саздовска, кои беа отсутни поради повреда, а ќе недостига капитенката Елена Ѓорѓиевска, која е повредена. Некои од селекциите во овој термин се подготвуваат за претстојното Светско првенство во Шпанија во декември, а Македонија, за разлика од Србија, која е учесник на Мундијалот, е прва резерва, во случај некоја селекција да го откаже настапот.


2 views

Comments


bottom of page