Савевски и РФМ спогодбено се разделија пред истекот на договорот
Двата порази од Украина во баражот за Светското првенство донесоа големо незадоволство кај селекторот Љубомир Савевски, кој иако најави дека ќе ја разгледува својата позиција по истекот на договорот во септември, сепак малку порано ја завршува својата задача во репрезентацијата.
Савевски две години беше координатор-селектор на сите македонски репрезентации, но откако сам остана незадоволен од напредокот и созревањето, реши спогодбено да се раздели со Федерацијата.
– Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории .
– Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година Со почит, Ракометна Федерација на Македонија, – гласи објавата на РФМ.
Во наредниот период, ќе дознаеме дали Федерацијата повторно ќе се одлучи за еден тренер кој ќе ги води сите селекции, или пак ќе направи избори од неколкумина кои ќе се распоредат во различни категории.
Comments