Search
Савевски е нов селектор на женската репрезентација на Македонија
04.06.2021 Juni Petok
Љубомир Савевски е новиот селектор на женска репрезентација на Македонија. Тој доаѓа на местото на Симе Симовски и ќе добие договор во траење од три месеци со можност за продолжување на соработката, како што беше предложено на денешната седница на управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Савевски истовремено ќе биде координатор на младинските женски селекции. Тој ќе го има првиот предизвик на новата функција на ЕХФ шампионатот во јули и во август.
Ракометниот стратег се враќа на активна работа по 11 години, а повторно ќе биде селектор на дамите по 14 години. Савевски беше дел и од машката младинска репрезентација на Македонија што настапи на Светското првенство во 1997 година во Трабзон, Турција.
Comments