Савевски го објави списокот за дуелите со Норвешка
15.04.2022 April Petok
РАКОМЕТ – ЕХФ-НЕДЕЛА
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојните натпревари против актуелниот светски првак Норвешка во рамките на ЕХФ-неделата (18-24 април), а за ЕХФ-еврокупот 2022. Дуелите ќе се играат на 21 април (четврток) во Скопје и на 24 април (недела) во Бекестуа, Норвешка. Собирот е закажан за понеделник (12.30 ч.) во хотелот „Александар Палас“. На списокот има 19 ракометарки, од кои 10 се интернационалки. Список на ракометарки: Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Марија Јовановска, Јована Саздовска, Сара Миновска, Сара Ристовска, Теодора Дукоска, Леонида Гичевска, Моника Јаневска, Симона Стојковска, Марија Штериова, Андреа Седлоска, Ивана Арсениевска, Бојана Коцева, Јована Кипријановска, Ива Младеновска, Сања Дабевска, Ивана Џатевска, Александра Коловска.
Comments