Савевски во следните две години на чело на репрезентацијата
Updated: Aug 31, 2021
30.08.2021 Avgust Ponedelnik
РАКОМЕТ
Според одлуката на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Љубомир Савевски ќе биде селектор на сениорската репрезентација и координатор на сите женските селекции. По пауза од повеќе години на македонската ракометна сцена, Савевски со стил се врати во ракометот освојувајќи многу значаен трофеј, со кој женската кадетска репрезентација на Македонија го освои првото место на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Литванија, кој ја однесе Македонија ранг погоре во младинскиот женски ракомет, учество на кадетското Светско првенство, учество на Европското првенство за кадетски за следната генерација, како и на Европското првенство за младинки.
Македонската женска сениорска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во Шпанија во декември, но својата шанса Македонија ќе ја чека од позиција на прва резерва, доколку некоја од веќе пласираните селекции не биде во можност да учествува на СП, како што беше случај со машката репрезентација, која на СП 2021 влезе како замена за Чешка. Во декември в година, Македонија, заедно со Словенија и со Црна Гора, е домаќин на Европското првенство за сениорки.
Comments