top of page

Сабаленка не виде мака за полуфинале во Мајами Видео

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Првата светска тенисерка Арина Сабаленка лесно се справи со домашната претставничка Хејли Баптист (2-0) во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. 

Белорусинката го реши мечот против Американката за час и 20 минути. Двата сета Сабаленка ги доби со идентични 6-4, првиот со еден, а вториот со два брејка. Во полуфиналето таа оди на мегдан со Елена Рибакина. 

Претходно полуфинални визи обезбедија и Коко Гоф и Каролина Мухова кои ќе се судрат меѓусебе.


 
 
 

Comments


bottom of page