Сабаленка му се налути на организаторот и нема да игра во Дубаи?
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
23.03.2026 Mart Ponedelnik
Светската тенисерка број еден Арина Сабаленка изрази неизвесност околу своето евентуално учество на турнирот во Дубаи во иднина, по критиките упатени од директорот на натпреварувањето.
Белоруската тенисерка беше меѓу неколкуте врвни имиња, заедно со Ига Швјонтек, кои се повлекоа од турнирот оваа година поради повреди, здравствени проблеми или промени во распоредот. Таквата ситуација доведе до тоа нивните места во главниот ждреб да ги пополнат т.н. „среќни губитници“.
Сабаленка како причина за откажувањето наведе полесна повреда на бутниот мускул, поради што одлучи да не настапи на турнирот минатиот месец. Сепак, нејзиното повлекување предизвика незадоволство кај организаторите.
Директорот на турнирот, Салах Тахлак, јавно реагираше, оценувајќи ги повлекувањата на водечките тенисерки како „непријатно изненадување“ и повика на построги санкции за играчите кои се откажуваат во доцна фаза од подготовките.
Во одговор на овие ставови, Сабаленка посочи дека не е сигурна дали повторно ќе учествува на турнирот во Дубаи, особено поради ваквите реакции од организаторите, кои според неа не ја земаат доволно предвид здравствената состојба на играчите.






Comments