top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сè е до самодовербата!“ Џеј Ло се чувствува одлично бидејќи се грижи за својата кожа

Џенифер Лопез во вторникот сподели ново видео на официјалната инстаграм-страница на сопствениот бренд „Џеј Ло бјути“. Добивај вести на вибер Поп-ѕвездата и актерка (53) носи бел фустан додека зборува за својот нов производ за нега на кожа на тело, Booty, за кој вели дека има инстант ефект и прави телото на жената да изгледа поинаку. „Сè е до самодовербата,“ вели таа, додавајќи дека жените сигурно ќе ја стекнат доколку ги користат нејзините производи, направени со помош на хемичари. „Моќта на ‘Џеј Ло бјути’ … сега за тело. Линијата ‘Џеј Ло боди’ е клинички тестирана линија за нега на кожа на тело со високи перформанси. Дава резултати што можете веднаш да ги видите и почувствувате – и со тек на време, резултатите едноставно стануваат сè подобри и повидливи.“ Сирената, која минатата недела го славеше својот роденден во Европа во друштво на новиот сопруг Бен Афлек, позира во црн костим за капење кој ја истакнува нејзината импресивна фигура.




3 views

Comentarios


bottom of page