top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

26.04.2024 April Petok

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.

Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.

Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.


0 views

Comments


bottom of page