top of page

РФМ со популарен потег, бесплатен влез за дуелот Македонија - Германија

03.04.2026 April Petok

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја дочека Германија во рамките на квалификациите за Европското првенство. 

Натпреварот од претпоследното квалификациско коло ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Ракометната федерација на Македонија донесе популарна одлука и реши да ги отвори вратите за сите љубители на ракометот. Влезот за средбата против Германките ќе биде бесплатен. 

Натпреварот меѓу Македонија и Германија во најголемата сала во државата ќе се одигра на 8 април во терминот од 18:00 часот.


 
 
 

Comments


bottom of page