top of page

РФМ: Поразите болат, тешко е за сите, но…(ФОТО)

Македонија ги загуби двете средби во Краков, но се уште постои можност да ја минеме оваа прва фаза, а за тоа потребна е победа против Аргентина.

Поразите од Норвешка и Холандија се болни, меѓутоа истите мора да се забоарават и целата енергија да биде насочена кон утрешниот дуел кој е закажан за 18 часот.

Во пресрет на тој клучен натпревар се огласи Ракометната федерација на Македонија која им се заблагодари на фановите за поддршката, а од исто време побара од медуумите да не ги вадат изјавите на играчите од контекст.

Во продолежние ви го пренесуваме комплетниот статус, соопштение на РФМ.

Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.

ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.

Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!



 
 
 

Comments


bottom of page