РФМ одреди важна премија за кадетите кои остварија историски успех на СП (Фото)
Македонската кадетска репрезентација се прикажа во извонредно светло на Светското првенство во Хрватска и го освои деветтот место на мундијалскиот собир, резултат кој е најдобар во историјата на едно У-19 натпреварување.
Играчите на Раде Стојановиќ ја израдуваа цела Македонија и уште еднаш потврдија дека ракометот е најважниот спорт во нашата земја, а тоа донесе експресна реакција од Ракометната Федерација.
РФМ денеска ја информираше јавноста дека кадетскиот тим ќе биде награден со еден милион денари за историскиот успех остварен во Хрватска, премија која ќе ја поделат сите играчи и членови од стручниот штаб.
– Почитувани, Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 17.08.2023 год. ги донесе следниве одлуки :
– Одлука бр.1, утврдување термин за одржување на редовно собрание на РФМ : Управниот Одбор донесе Одлука за одржување на редовно собрание на ден 02.09.2023 година со почеток во 11:30 часот, во просториите на Град Скопје ,сала за одржување на седници ;
– Одлука бр.2, за одредување парична награда на кадетската машка ракометна репрезентација. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади),за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија.
コメント