top of page
Search

РФМ објави колку пари се собраа од ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“: Победи човечноста и х

РФМ објави колку пари се собраа од ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“: Победи човечноста и хуманоста! Пред стартот на Светското првенство во Полска и Шведска, македонската ракометна Федерација режираше спектакл во „Борис Трајковски“ и организираше ревијален натпревар на актуелните репрезентативци и поранешните легенди, кој имаше единствена хуманитарна цел за „СОС Детско село“. Настанот наречен „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ донесе спектакл кој ќе се памети уште долго, се прославија кариерите на имињата кои го издигнаа ракометот на највисоко ниво во нашата земја, но дефинитивно најважна цел беше да се соберат парични средства за оние на кои им е најпотребно. Ракометната Федерација на Македонија денеска излезе со кратко соопштение и резимираше колку точно пари се собрале од настанот, а сите средства ќе бидат пренаменети во „СОС Детско село“. – Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“. – Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа. Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!, – гласи пораката на Федерацијата.


2 views
bottom of page