Search
РФМ додели спортска опрема на клубовите од Првата лига
09.09.2026 Septemvri Sreda
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) обезбеди спортска опрема за сите екипи што ќе настапуваат во Првата лига, во машка и женска конкуренција.
Станува збор за 14 клубови (7+7) од двете конкуренции кои на овој начин добиваат значајна помош.
Опремата на претставниците на клубовите им ја додели првиот човек на федерацијата Александар Стефанов, а тимовите добија комплетни дресови, шорцеви, тренерки и ракометни топки.
-Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување, -порачаа од куќата на ракометот.







Comments