Руските космонаути направија седумчасовна вселенска прошетка
Руските космонаути Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров од „Роскосмос“ ја завршија вселенската прошетка по седум часа и 11 минути – објави НАСА.
Шкаплеров и Дубров ги исполнија своите главни цели за подготовка на новиот „Причал модул“ за пристигнувањето на идните руски вселенски летала.
Астронаутите поставија огради, антени за „рандеву“, телевизиска камера и мети за слетување на „Причал“, кои во ноември, автоматски се приклучија на повеќенаменскиот лабораториски модул „Наука“.
Ова беше прва вселенска прошетка оваа година и вкупно 246-та за потребите на склопување, одржување и надградба на вселенската станица. Вселенските пешаци досега поминале вкупно 64 дена, 19 часа и 37 минути работејќи надвор од станицата.
Ова беше трета вселенска прошетка во кариерата на Шкаплеров, кој досега поминал вкупно 21 час и 39 минути пешачејќи во вселената, а четврта за Дуброва, која му овозможила вкупно 29 часа и 49 минути пешачење во вселената.
Дополнителни прошетки во вселената се планирани оваа пролет да ја опремат Научната лабораторија со Европската роботска рака (ERA) и да ја активираат нејзината воздушна комора за идните вселенски прошетки.
Comments