top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рускиот маестро Гергиев ги губи сцените поради поддршката на Путин

28.02.2022 Februari Ponedelnik

Познатиот руски диригент Валери Гергиев и пијанистот Денис Мацуев се исфрлени од програмата на Карнеги хол во Њујорк, поради нивната поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, чија армија вчера започна агресивен воен напад против Украина.

Покрај во САД на Гергиев му откажуваат и други познати музички организации, претставници на класичната музика од Германија, Италија и Холандија, јави денеска Њујорк тајмс.

Тој и Мацуев беа на репертоарот на Карнеги викендов со три концерти, и требаше да настапат заедно со оркестар од Виенската филхармонија.

Градоначалникот на Минхен испратил ултиматум дека Гергиев „треба да ја осуди бруталната агресија што Путин ја води против Украина“ до понеделник, или ќе биде исклучен од оркестарот.

Филхармонијата во Ротердам испрати слично предупредување и се закани да го откаже „Фестивалот Гергиев“, закажан за септември,.


1 view

Comments


bottom of page