top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рускиот документарен филм „Една вера-еден јазик“ вечерва на програмата на фестивалот „Богордичен пок

Вечерва на филмскиот фестивал „Борородичен покров“ ќе биде прикажан рускиот документарен филм „Една вера-еден јазик“. Филмот ќе се пријажува онлајн од 21 часот.

Авторите на филмот се движат по патот на светите браќа Кирил и Методиј. Го започнуваат патот во 861. година. По патот кон Хазарите, создавачите на словенската азбука се задржале во Херсон цели две години.

Следува и посетата на манастирите и црквите Св.Климент Охридски, Св. Наум Охридски, Св. Прохор Пчински, манaстирот на Св. Василиј Острошки..

Авторот ја носи пораката дека единствено верата и јазикот треба да ги обедини сите православни луѓе и Словени во Христа.

Филмот беше прогласен за „Најдобар телевизиски филм на регионално телевизиско студио“ на XXVI меѓународен филмски и ТВ фестивал „Радонеж“ во Москва.

Сценариото и режијата е на Елена Мироненко, модератор е Олег Кухарев, заслужен национален артист, камерата е Владислав Ионис и Александар Полукеев, монтажер Александар Полукеев. Продуцент на филмот Сергеј Апарин.

Фестивалот е поддржан од Руската Амбасада во Скопје.


7 views

Comments


bottom of page