Руска сопранистка одржа концерт во Париз
Иако во април пееше во операта во Монте Карло, синоќешниот концерт на Ана Нетребко во Париската филхармонија означува големо враќање на сцената во некоја западна метропола, по критиките на сметка на руската сопранистка поради војната во Украина. Ана Нетребко, која се смета за еден од најголемите лирски гласови во светот, беше меѓу првите руски уметници на кои се покажа со прст по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари бидејќи не ја осуди војната. Престижната Метрополитен опера во Њујорк, каде што беше ѕвезда, ја отстрани од програмата на неодредено време. Таа тогаш рече дека привремено се повлекува од сцената. На 30 март таа отворено ја осуди војната против Украина, што доведе до нејзино откажување на настапите во Русија. Пожелно е руските уметници во татковината да го покажат својот патриотизам или да молчат, а на Запад јавно да се оградат од воената операција и од рускиот режим.
Comments