top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Русија може да го загуби финалето на ЛШ предвидено во родниот град на Путин

Актуелната политичко-безбедносна ситуација на релација Русија-Украина, веќе има влијание врз одржување и на одредени спортски меѓународни натпревари.

Европските медиуми денеска започнаа да најавуваат дека УЕФА може да го промени домаќинот на финалето на Лигата на шампионите, односно да му ја одземе улогата на организатор на Ст. Петербург.

Западноевропските земји, односно нивните федерации сигурно ќе направат притисок за преместување на финалето во побезбедна земја, а како и секогаш, главен фаворит поради многу причини е „Вембли“ во Лондон.

Од УЕФА засега велат дека нема одлука за некаква промена и дека будно ќе ја следат ситуацијата во Русија и Украина, а треба да се има предвид и фактот што рускиот гигант „Гаспром“ е главен спонзор на Лигата на шампионите.

Ст. Петербург е роден град на рускиот претседател Владимир Путин, а финалето на ЛШ е закажано за 28. мај.


1 view

Comments


bottom of page