top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Русија и САД организираат заедничка мисија на Венера

Updated: Nov 26, 2021

23.11.2021 Noemvri Sreda

Русија и САД ја потврдија својата намера да организираат заедничка мисија на Венера, изјави генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.

– Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера. Венера традиционално се смета за „руска планета“. Бидејќи на неа прво слета советското вселенско летало – изјави Рогозин за каналот „Соловјов“.

Тој потврди дека ќе биде организирана заедничка руско-американска мисија „Венера-Д“.

Рогозин објасни дека заедничката работа ќе помогне да се поедностави оваа задача во однос на економски, технолошки и научни аспекти.

– Полесно е ваквите прашања да се решаваат заедно, користејќи ги талентите на нашите научници, а во исто време ќе биде економски поедноставно и посигурно кога станува збор за технолошките операции. Поради сето тоа, за ова се заинтересирани и САД – заклучи Рогозин.

Венера, најблискиот планетарен сосед на Земјата, е слична по големина на нашата планета, но нејзината површина е обвиткана со густи облаци. Поради катастрофалниот ефект на стаклена градина, на површината на Венера има неколку стотици степени Целзиусови.

Русија првично најави мисија на Венера минатата година, со прелиминарни датуми на лансирање помеѓу 2027 и 2029 година. Неодамна, и Обединетите Арапски Емирати исто така објавија намера за истражување на планетата.


1 view

Comments


bottom of page