top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Русите повикуваат на бојкот на серијата And just like that поради сцената со проститутката


Русите ја бојкотираат серијата And just like that поради стереотипот за руска проститутка, а гневните руски мигранти што живеат во САД поднесоа петиција со барање за извинување.

Откако почна да се прикажува, продолжението на серијата „Сексот и градот“ наиде на критики. Овој пат серијата ги разбесни руските гледачи во светот, кои го обвинуваат „Ејч-би-о макс“ за двојни стандарди кога станува збор за инклузивноста, како и за крајното лицемерство. Гледачите ја бојкотираат серијата, а тие поднесоа петиција со барање за официјално извинување, пишува „Раша бијонд“.

Бесот настана бидејќи во осмата епизода од серијата се појавува ликот на новата сосетка на Кери Бредшо, Лисет (ја игра Катерина Таненбаум), која живее под неа во најелитниот дел на Менхетн.

Убава, млада, се забавува до доцна во ноќта, а често се бакнува пред зградата со згоден маж и прави врева на скалите со пријателите, па Кери не може да спие.

Меѓутоа, она што Кери ја интересира во целата ситуација е од каде младата жена ги добила парите за отмениот стан.

„Па, таа е руска проститутка“, одговара нејзината пријателка Сима, агентот за недвижности додавајќи дека тоа е типично сценарио кога станува збор за скапите недвижности и станарите.

Овој коментар предизвика лавина негативни реакции, а навредените Руси објавија многу коментари по објавата на Ејч-би-о на „Инстаграм“ со која најавуваат нова епизода.

Користејќи ги хаштаговите #metoorussia и #metoorussian, тие ја обвинуваат мрежата за нетолеранција и двојни стандарди.

Гневните руски мигранти што живеат во САД поднесоа петиција на change.org со барање за официјално извинување. Мрежата, според некои корисници, била зафатена со отстранување коментари, но се чини дека не е доволно брза.


1 view

Comments


bottom of page