Руни: Роналдо го доби тоа што го сакаше
Натпреварувачката 2022/2023 е турбулента за Кристијано Роналдо кој откако „експлодира“ во едно интервју се раздели со Манчестер Јунајтед по што следуваше нов шок и негова преселба надвор од Европа, Топ 5 лигите, елитните натпреварувања и тоа во Ал Наср од Саудиска Арабија.
Со ова се чини добија двете страни, Јунајтед добро се снајде по неговото заминувања, триумфираше во англискиот Лига Куп, стабилен е во ЛШ, а напредува во Лига Европа и ФА Купот. Кристијано пак во Ал Наср отвори ново поглавје во кариерата, поглавје кое добро ќе го наплати со оглед на тоа што во моментов е играч со најголема заработувачка на светот.
-Роналдо го доби тоа што го сакаше. За Манчестер Јунајтед беше важно да продолжи што е можно побрзо од тоа и навистина да се рефокусира на групата играчи кои беа таму и сакаа да бидат таму. И мислам дека Тен Хаг направи навистина добра работа во рефокусирање на играчите и доведувајќи ги во позиција каде што се, очигледно, удобно во првите четири, а исто така и го освоија Купот [Карабао]м -вели Вејн Руни кој смета дека и покрај болната разделка Кристијано останува легенда на Јунајтед.
-Не ја уништи сликата, тоа што го направи за Јунајтед е одлично. Освојуваше премиерлигашки титули, ја освои титулата во ЛШ, даде многу голови. Затоа мислам дека за навивачите и секако за играчите, неговите поранешни соиграчи кои играа со него од моето време особено, никогаш нема да заборавиме што направи за Манчестер Јунајтед. Затоа што за моите очи, тој секогаш ќе биде клупска легенда и е шетата што заврши вака овој пат. Ама не мислам дека тоа одзема ништо од неговото наследство во клубот, порача Руни за „Си-Ен-Ен“.
Comments