top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Руни распали по газдата на Дерби и излезе со ветување: Ќе се борам до крај, знам што е сиромаштија!

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Дерби Каунти вчера и официјално влезе во стечајна постапка откако било утврдено дека клубот е во големи долгови кои надминуваат десетици милиони евра, сценарио кое нависитна тешко го прифати менаџерот на првиот тим, легендарниот Вејн Руни.

Прославениот англиски напаѓач кој е жива легенда на Манчестер Јунајтед се соочува со најтешкиот предизвик уште на стартот на својата тренерска кариера, па во јавното обраќање кое го имаше денеска, не криеше дека е максимално разочаран од газдата на клубот, Мел Морис.

Руни открива дека за стечајната постапка дознал вчера од медиумите, откако и официјално беа назначени стечајни администратори кои сега ќе треба да помогнат клубот да избегне банкрот. Од спортска гледна точка поради несолвентно работење, Дерби експресно беше казнет со одземање на 12 бода, а Руни потенцира дека во овој момент не му паѓа на памет да го напушти кормилото на бродот кој тоне.

– Да знаев дека е ваква ситуација, се сомневам дека ќе останев во клубот пред почетокот на сезоната. Немам разговарано со газдата Мел уште од 9-ти август. Им се обрати на играчите во вторникот, и јас бев на тој состанок, но претходно немавме никаков контакт. Мел не треба да ми се извинува, но како менаџер на тимот, требаше да бидам во тек со настаните. Тоа навистина ме навреди. Играчите и стручниот штаб бараа одговори од мене, а јас не знаев што да им кажам за ситуацијата на клубот. Постои начин на кои се решаваат одредени работи, а за почеток, треба да се биде отворен и искрен. Тоа не се случи и нависитна сум разочаран.

– Јас сум посветен на клубот. Пораснав во сиромашен дел во Ливерпул и знам колку животот може да биде тежок во сиромаштија. Навистина многу ми значат играчите и сите вработени во клубот. Каква личност би бил ако сега си одам и безгрижно си заминам на одмор? Подготвен сум да се борам, тоа е мојот дух. Нема да биде лесно. Ако казната остане на 12 бодови, чувстуввам дека имаме шанси да се спасиме и да не испаднеме. Но, ако ни одземат вкупно 21 бод, тогаш ќе биде речиси невозможна мисија и веројатно ќе завршиме во трета лига, – порача Руни.

Поради стечајната постапка, Дерби експресно се најде на дното на табелата во Чемпионшип лигата, бидејќи одземањето на 12 бода значеше дека сега имаат минус два на бодовното салдо.


2 views

Comments


bottom of page