Руни за Роналдо: Беше како Ибрахимовиќ, јас секогаш…
14.06.2024 Juni Petok
Вејн Руни и Кристијано Роналдо имаа можност да соработуваат заедно во Манчестер Јунајтед и тоа во период во кој клубот беше супер успешен и воден од легендарниот сер Алекс Фергусон.
Руни и Роналдо ја делеа соблекувалната, теренот во период од неколку години, период во кој изградиле добар однос во кој имало препирки, провокации за кои англискиот ас отворено проговори во подкастот на „Би-Би-Си Радио 5“.
-Имавме навистина добар однос, но бевме целосна спротивност. Беше смешно. Роналдо беше толку добар лик. Некои работи што ги правеше, со смеење и зафркавање, беа слични на Златан Ибрахимовиќ.
-Ќе се гледаше во огледало и ќе викаше дека е убав. Потоа, тука сум јас кој е сосема спротивно – го немав неговиот изглед! Секогаш му велев дека е грд. Некогаш велев „не, не си убав“ – се зафркавав, а тоа него го нервираше, -вели Руни кој откри дека двајцата си поигрувале и со Ферги.
-Ние двајца секогаш се шегувавме со менаџерот и понекогаш го земав за да го однесам на тренинг или во хотел, -додаде поранешниот англиски репрезентативец.
Comentarios