top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Руне има идеално сценарио: Сакам да го победам Ѓоковиќ во финалето на АО

Холгер Руне е еден од најдобрите светски тенисери, играч кој е дел од групата која ја предводи новата генерација во белиот спорт.

Данецот има подеми и падови, доста време беше во криза во 2023 година, меѓутоа откако за тренер го ангажираше Борис Бекер се променија работите, ја крена формата, заигра на повисоко ниво и се надева дека ова ќе биде најава за добра, успешна 2024 година.

-За мене е многу важно да имам некој кој има големо играчко искуство. Секогаш кога тренираме, учам нешто ново. Секогаш кога нешто ме интересира, го прашувам и добивам одличен одговор, -истакна Руне.

Бекер во минатото беше во тимот на Новак Ѓоковиќ и заедно остварија големи резултати, па Руне се надева дека тоа сценарио може да се повтори, па има и една голема желба за стартот на новата календарска година.

-Затоа мојот избор би бил да го поразам Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен. Се што кажа за мене досега, го прифаќам како голем комплимент. Новак постигна се за што сонуваме, -порача младиот тениски ас.


1 view

Comments


bottom of page