Руне експресно го откачи најблискиот соработник на Федерер од својот стручен штаб
31,01,2024 Januari Sreda
Холгер Руне имаше разочарувачки настап на Аустралијан Опен, а по завршувањето на овој грен-слем повторно направи промени во стручниот штаб.
Данскиот тенисер реши да влезе поамбициозно во 2024 година, па покрај соработката со Борис Бекер и Кенет Карлсон, го засили стручниот штаб со Северин Лути.
Швајцарецот кој речиси цела кариера му беше најблизок соработник на Рожер Федерер беше промовиран како нов соработник на Руне пред крајот на годината, за денеска мајката и агент на тенисерот, Анеке Руне, да потврди дека Лути веќе нема да соработува со Холгер.
Проблем бил фактот што Руне инсистирал членовите на стручниот штаб да работат со него во најголем дел од годината, додека Лути не можел да прифати таква обврска и понудил поинаква опција, која не била прифатена од Данецот.
Бекер ќе остане дел од стручниот штаб на Руне, додека мајката на тенисерот за данските медиуми истакнала дека поголема улога ќе добие Карлсон, кој ќе го следи тенисерот на сите турнири.
Comments