Руди Гарсија: Македонија не прима многу голови, ќе мора да најдеме начин Фудбал Македонија -Белгија Петок 20-45 часот
- Aleksandar Santovski
- Oct 9
- 1 min read
09.10.2025 Oktomvri Cetvrtok
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, изрази целосна доверба во своите играчи пред натпреварот против Македонија, кој може да биде од клучно значење за пласманот на Светското првенство во 2026 година. Искусниот стратег истакна дека неговиот тим е подготвен да одигра на високо ниво и да ја оствари зацртаната цел, тоа е победа што би ја зацврстила Белгија на врвот на групата.„Македонија е квалитетен противник и во ниеден момент не смееме да ја потцениме. Тимот не прима многу голови, има јасна идеја во играта, дисциплиниран е и знае како да ги искористи грешките на противникот, така што ние ќе мора да најдеме начин да го промениме тоа. Добро ги анализиравме нивните настапи, ги знаеме нивните силни страни, но истовремено верувам дека исходот ќе зависи од тоа како ние ќе се поставиме на теренот,“ изјави Гарсија.
Селекторот додаде дека атмосферата во белгискиот табор е позитивна, а играчите се максимално мотивирани по убедливата победа на последниот квалификациски меч.„Играчите се во одлична физичка и ментална состојба. Сите се свесни колку е важно да ја продолжиме серијата на добри резултати. Нашата цел е јасна, да победиме и да ја преземеме контролата во групата. Ќе дадеме сѐ од себе за тоа да го постигнеме,“ нагласи Гарсија.
Белгија влегува во мечот со Македонија како фаворит, но свесна дека противникот има тим кој умее да изненади и да се надигрува со посилни селекции. Во белгиските медиуми се најавува дека Гарсија би можел да направи неколку тактички измени, со цел да внесе свежина во средниот ред и поголема агресивност во нападот.






Comments