top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Руд по откажувањето на Ѓоковиќ: Ова не го посакував…

05.06.2024 Juni sreda

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Ролан Гарос, а причината за тоа е повредата на коленото, повреда која е сериозна и која го натера се уште првиот светски рекет да се повлече од турнирот пред четвртфиналето во кое за ривал требаше да го има Каспер Руд.

Токму Норвежанецот се огласи по овие вести и му посака прво закрепнување на играчот со најмногу освени пехари на грен слем сцената.

-Ова не е начинот на кој сакав да се пласирам во полуфиналето овде на Ролан Гарос, но многу сум среќен поради мојата победа синоќа и што се уште сум овде во Париз и што имам уште една шанса да играм во петок. Исто така, му испраќам најдобри желби за брзо закрепнување на Новак и се надеваме дека наскоро ќе се врати на терените, -порача Руд.

Каспер во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Саша Зверев-Алек Де Минор.


1 view

Comments


bottom of page