Руд го освои најлудиот поен во кариерата и режираше спектакл во Базел
- Aleksandar Santovski
- Oct 26, 2023
- 1 min read
АТП турнирот во Базел започна според планирано и засега фаворитите продолжија според најавите, а Каспер Руд како втор носител во Швајцарија имаше доста сериозен ривал во првата рунда.
Норвежанецот мораше да игра против секогаш непредвидливиот Бублик, но не само што успеа да слави со 2:0, овој меч ќе го памети и по тоа што го одигра најдобриот поен во кариерата.
Руд истрча на сите страни и заедно со Бублик режираа поен за паметење, а на крајот изведе нестварен потег кога се чинеше дека поенот ќе му припадне на Казахстанецот.
Откако го освои првиот сет во тајбрејкот, првиот поен во вториот сет беше навистина неверојатен, па на kрајот истиот го освои Руд со луд твинер.
Каспер со овој потег потсети на големиот Рожер Федерер, а шокиран од мајсторијата остана и Бублик кој не можеше да поверува каква топка врати ривалот.

Комментарии