top of page

Рубљов спасуваше три меч топки и освои поен за паметење

Андреј Рубљов ја освои титулата во Бастад откако во финалето го победи Каспер Руд, а како шампион на турнирот во Шведска денеска пристигна во Хамбург и имаше тешко отворање во Германија.

Рускиот тенисер се спасуваше од пораз во мечот со Шпанецот Запата Миралјес, но покажа квалитет кога беше најтешко и се врати од загубена ситуација.

Рубљов губеше со 6:4 во тајбрејкот на третиот и одлучувачки сет, спаси две меч топки во низа и потоа се извади и од трета, за на крајот да победи со 9:7.

Победата од 2:1 сигурно ќе ја памети по високото ниво на игра и израмнетата борба, но и по еден поен кој го освои во првиот сет.

Рубљов го „прошета“ цел терен и не се откажа од ниту една топка по нападите на Запата, за на крајот да го освои поенот со една скратена топка за која ривалот едноставно немаше одговор.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page