Search
Рубљов се пласираше во финалето во Дубаи, па испрати силна порака
Еден од најквалитетните светски тенисери Андреј Рубљов се избори за финале на АТП турнирот во Дубаи и тоа откако со пресврт славеше над Хуберт Хуркач.
Полјакот го доби првиот сет со 6-3 за да Русинот возврати со 7-5 во вториот за да во решавачкиот двајцата играчи одлично го чуваа својот сервис, па се пристапи кон тај-брејк во кој Андреј со 7-5 дојде до второто финале во низа со оглед на тоа што минатата седмица триумфираше во Марсеј.
Comments